Останати спортови Формула 1

Изградбата на нова патека за Формула 1 продолжува во Саудиска Арабија

Гран при на Саудиска Арабија може да се одржи на есен ако се подобри ситуацијата во регионот.

Изградбата на нова патека за Формула 1 продолжува во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија објави напредок во изградбата на нова патека за Формула 1. Патеката е дизајнирана од поранешниот возач на Формула 1 Алекс Вурц, и е дел од спортско-забавен комплекс лоциран во близина на Ријад.

Планот е патеката да биде завршена во 2027 година, а првата трка од Формула 1 е закажана да се одржи една година подоцна, во сезоната 2028.

Гран при на Саудиска Арабија моментално се одржува привремено на патеката во Џеда, иако е многу веројатно дека трката нема да се одржи оваа сезона.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија првично беше закажано да се одржи овој месец, но е одложена на неодредено време поради воениот конфликт на Блискиот Исток.

Гран при на Саудиска Арабија може да се одржи на есен ако се подобри ситуацијата во регионот.

Теми на денот

To top