ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жителите од неколку улици во Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1, дел од влез 1, и ул. Жил Верн бр.12.