Непосредно пред почетокот на натпреварот против Сан Антонио, екипата на Чикаго булс донесе одлука да ја прекине соработката со кошаркарот Џејден Ајви по контроверзното видео што се појави на Интернет.
Откако ја заврши сезоната поради повреда, Ајви беше активен на социјалните мрежи, каде што имаше неколку подолги објави во текот на изминатата недела.
Поради оној во кој ја критикува НБА за организирањето Месец на гордоста, опишувајќи го чинот како „нефер“, на крајот остана без договор со НБА.
Кратко по веста за неговото отпуштање, тој повторно проговори и го критикуваше својот сега веќе поранешен тим.
– Тие изјавија дека моето однесување е штетно за тимот. Зошто едноставно не кажаа дека не се согласуваат со мојот став? Како е штетно? Што им направив на играчите, што му направив на тимот? – прашува Ајви.
Тој пристигна во Чикаго дури на крајот од минатиот месец и имаше само пет настапи за тимот. Последниот беше на 11 февруари.