Англискиот фудбалски прволигаш Тотенхем го назначи вечерва Роберто Де Зерби за нов тренер, потпишувајќи долгорочен договор со италијанскиот стратег, под услов да се исполни стандардната постапка за добивање работна дозвола.
Назначувањето на Де Зерби доаѓа по отказот што лондонскиот премиерлигаш му го врачи на Хрватот Игор Тудор претходно оваа недела.
„Пресреќен сум што доаѓам во овој фантастичен клуб, еден од најголемите и најпрестижните во светот.
Во разговорите со раководството, беше јасно дека постои голема амбиција за иднината, да се изгради тим способен за одлични резултати, со стил на игра што ќе ги инспирира нашите навивачи.
Јас сум тука затоа што верувам во таа визија и потпишав долгорочен договор за да дадам се од себе за да ја постигнам“, порача Де Зерби во изјава за официјална веб-страница на Тотенхем.