Управниот одбор на НБА ја одобри продажбата на Портланд. Инвестициска група предводена од бизнисменот од Далас, Том Дандон, ќе ја купи франшизата.
Продажбата ќе ѝ стави крај на сопственоста на Пол Ален и на неговата сестра Џоди.
Продажбата ќе биде во два дела: 80,1 % ќе бидат купени до 31 март, а дополнителни 19,9 % ќе бидат продадени до 1 септември 2028 година. Вкупната трансакција е во вредност од 4,25 милијарди долари.
Во текот на преодниот период, Берт Колде, претседателот на Блејзерс, под водство на Ален ќе ги набљудува состаноците на Одборот, но нема да биде вклучен во управувањето.
Дандон е мнозински сопственик на НХЛ-тимот Каролина харикејнс. Тој е познат по тоа што троши поголем дел од своите ресурси на играчите, на тој начин го доведе Харикејнс од тим со најниска плата на шестото место на листата.