Кошарка

Светислав Пешиќ најави пензионирање од кошарката

Светислав Пешиќ најави пензионирање од кошарката

Кошаркарскиот свет се подготвува за збогување со еден од најголемите стратези во историјата на оваа игра. Популарниот „Кари“, Светислав Пешиќ, во ексклузивно интервју за германски „Die Zeit“ потврди дека тековната сезона на клупата на Баерн Минхен ќе биде последна во неговата неверојатна кариера.

Иако има 76 години (наскоро 77), Пешиќ прифати уште еден предизвик да му помогне на својот омилен клуб Баерн по заминувањето на Гордон Херберт, но овојпат вели дека одлуката е конечна.

„Како што пишувам во мојата книга: еднаш тренер – секогаш тренер. Секогаш ќе бидам вклучен во кошарката, ќе држам предавања и слични работи, но не можам повеќе да бидам главен тренер. Знам дека луѓето нема да ми веруваат, но по оваа сезона, навистина е доста.

Сакав повеќе време за сопругата Вера, но кога претседателот на Баерн ме побара, не можев да кажам ‘не’. Сакам да го доживеам животот од поинаква перспектива, во мојот Пирот и во Барселона“, искрен е Пешиќ.

To top