Познати Времеплов

„Една мисла имаме“: Синот на Војо Стојаноски објави видео од својот прв настап, пее за Македонија на 2-годишна возраст

Талентот го наследил од својот татко, но и љубовта кон македонските патриотски песни.

„Една мисла имаме“: Синот на Војо Стојаноски објави видео од својот прв настап, пее за Македонија на 2-годишна возраст

Познатиот македонски пејач на народна музика, Дамјан Стојаноски, син на легендарниот Војо Стојаноски, гради успешна кариера во Македонија и дијаспората.

Талентот го наследил од својот татко, но и љубовта кон македонските патриотски песни.

Денес на својот Фејсбук профил тој објави видео од својот прв настап, кога имал само две години.

-1997 година… Мојот прв настап на само две години, рамо до рамо со татко ми во легендарната Универзална сала. Една мисла имаме – од првиот здив, па сѐ до крајот, напиша Дамјан.

Уживајте во настапот:

To top