Останати спортови фитнес

Силвана Велјаноска го освои Истанбул: Македонија има балканска ШАМПИОНКА ВО БОДИБИЛДИНГ

Македонската натпреварувачка Силвана Велјаноска постигна значаен успех на меѓународната сцена, освојувајќи златен медал на Балканското првенство во бодибилдинг кое се одржа викендов во Истанбул.

Силвана Велјаноска го освои Истанбул: Македонија има балканска ШАМПИОНКА ВО БОДИБИЛДИНГ

Македонската натпреварувачка Силвана Велјаноска постигна значаен успех на меѓународната сцена, освојувајќи златен медал на Балканското првенство во бодибилдинг кое се одржа викендов во Истанбул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Canela 🐈‍⬛ (@___canelaaa)

Станува збор за 35-то издание на ова престижно натпреварување, на кое учество зедоа бројни натпреварувачи од балканските земји. Велјаноска се натпреваруваше во wellness фитнес категоријата, каде со својот настап, форма и пропорции успеа да го освои првото место и да се закити со титулата балканска шампионка.

Со овој резултат, таа ја потврди својата одлична подготвеност и квалитет, претставувајќи ја Македонија на најдобар можен начин. Овој успех претставува и значаен поттик за развојот на бодибилдингот и фитнесот во земјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Canela 🐈‍⬛ (@___canelaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Canela 🐈‍⬛ (@___canelaaa)

Освојувањето на златниот медал на Балканското првенство претставува еден од најголемите успеси во кариерата на Велјановска досега, но и важен момент за македонскиот спорт на регионално ниво.

Велјаноска за КУРИР вели дека за ова натпреварување се подготвувала цела година, а истото барало многу одрекувања и максимален фокус.

За ова натпреварување се спремав цела година и искрено, не е воопшто лесно. Бара многу посветеност, одрекувања и целосен фокус на тренинг и исхрана. Имаш денови кога мотивацијата ја нема, и во тие ситуации најбитна е дисциплината, која јас секогаш ја имав. Во текот на целиот процес најбитно е да веруваш во себе и во тоа што го правиш. Нормално е да има нервоза, па и разочарувања, ама ако стварно го сакаш ова, многу полесно се поминува низ сè. Кога уживаш во процесот и не го гледаш како нешто што мораш, туку што сакаш да го правиш, тогаш е друга приказна. Кога излегов на сцена, буквално си реков „ова е тоа еве ги моите 5 минути“. За ова работев 365 дена. Отидов самоуверено, излегов самоуверено и се симнав горда и исполнета. Знаев дека го дадов максимумот и дека ова е само почеток. Сакам да му се заблагодарам на мојот тренер Божидар Пецаковски за целата поддршка и водство, како и на сите што беа со мене во текот на процесот и сè уште ме бодрат, истакна Велјаноска.

Таа вели дека нема да запре тука и е подготвена да не израдува со нови успеси.

Искрено, не гледам причина да застанам тука. Кога ќе видиш дека трудот ти е награден, само сакаш уште повеќе. Психички никогаш не сум била поспремна и знам дека сум подготвена за следниот чекор. Планот е европско првенство, а до крајот на годината, ако сè оди како што треба – и светско. Спремна сум за целиот процес што следи, вели Велјаноска.

 

To top