Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2027, совладувајќи ја попладнево Ерменија на гостински терен со 2-0 (1-0).
Ѓоргиевски од пенал донесе почетна предност на гостувањето во Ереван во 45 минута од пенал, додека конечниот резултат го постави Љатифи во 75 минута.
За избраниците на селекторот Горан Станиќ ова е втора победа во квалификациската група Ф, и двете против Ерменија, која во октомври лани во Битола беше совлада со 2-1.
На две кола до крајот на европските квалификации, Македонија е претпоследна на табелата со шест бодови, пред завршните дуели со Црна Гора и Шведска во октомври. (МИА)