Кошарка

Кошаркарките со Романија и Естонија во претквалификациите за ЕП 2029 година

Кошаркарките со Романија и Естонија во претквалификациите за ЕП 2029 година

На посебна церемонија, денеска, во „Куќата на кошарката“ во швајцарскиот Мие, беа формирани и натпреварувачките групи за претквалификациите за ЕП во 2029 година.

Десетте селекции кои не ја минаа првата фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година, се поделени во три натпреварувачки групи, две од нив со по три селекции-учесници и една со четири

Согласно со ждрепката, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во групата „Ц“, заедно со репрезентациите на Романија и на Естонија.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза.

To top