Свет инвестира во одбранбени компании

Брокерот на Хегсет се обидел да купи акции од одбранбени компании пред нападот врз Иран

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, напиша на платформата „X“ дека приказната е „целосно лажна и измислена“ и побара нејзино повлекување.

Брокерот на Хегсет се обидел да купи акции од одбранбени компании пред нападот врз Иран

Брокер на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет се обидел да инвестира голема сума во големи одбранбени компании во неделите пред американско-израелскиот напад врз Иран, објави вчера „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на три лица запознаени со ситуацијата.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, напиша на платформата „X“ дека приказната е „целосно лажна и измислена“ и побара нејзино повлекување.

Во извештајот на „ФТ“ се вели дека брокерот на Хегсет во „Морган Стенли“ го контактирал „БлекРок“ во февруари за инвестиција од повеќе милиони долари во „Дефенс Индустриалс Актив ЕТФ“, кратко пред САД да започнат воена кампања против Техеран.

Според извештајот на „ФТ“, инвестицијата за која бил заинтересиран брокерот на Хегсет на крајот пропаднала бидејќи фондот, кој беше лансиран во мај минатата година, сè уште не бил достапен за купување од страна на клиентите на „Морган Стенли“.

Во извештајот на „ФТ“ не се наведува колку дискреционо право имал брокерот да инвестира во име на Хегсет или дали Хегсет знаел што прави брокерот.

„Ниту министерот Хегсет, ниту некој од неговите претставници не контактирале со „Блек Рок“ (BlackRock) за таква инвестиција“, рече Парнел.

„Блек Рок“ одби да коментира за извештајот, додека „Морган Стенли“ не одговори на барањето за коментар.

Извештајот за обидот за инвестиција доаѓа во услови на поширока контрола на тргувањето на финансиските и прогнозирачките пазари пред големите политички одлуки на американскиот претседател Доналд Трамп.

На некои од тие одлуки им претходеле добро темпирани облози, што ги навело некои експерти да се запрашаат дали информациите некако протекле однапред.

To top