Ракомет

Грчевски го скрати списокот за дуелите со Германија и Словенија

Грчевски го скрати списокот за дуелите со Германија и Словенија

Женската ракометна репрезентација на Македонија во април ќе одигра два важни квалификациски натпревари за ЕП против Германија и Словенија.

Селекторот Кристијан Грчевски објави скратен список од 20 ракометарки, а најголем хендикеп е отсуството на Сара Ристовска поради повреда.

Македонија на 8 април ја пречекува Германија, а четири дена подоцна гостува кај Словенија. Собирот е закажан за 6 април во Скопје.

Со една победа и три порази во групата, шансите за пласман се намалени, па ќе биде потребно изненадување против фаворитите

To top