Ракометната федерација на Македонија изрече санкции по второто плеј-оф коло во Суперлигата.
Судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски е суспендирана на 30 дена поради арбитражата на натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид (27-27), по кој скопскиот клуб поднесе жалба.
Дополнително, парични казни добија и членови на управите на двата клуба – Горан Минов од Алкалоид ќе плати 40.000 денари, додека Славчо Ристески од Охрид е казнет со 25.000 денари.