Македонија Kабинет на Претседател

Милатовиќ утре во официјална посета на земјава

Во рамки на официјалната посета ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели.

Милатовиќ утре во официјална посета на земјава

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно.

Потоа ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.

Во рамки на официјалната посета ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата на земјава претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

На 1 април претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Најнови вести од Македонија

To top