Водата на скопската територија е квалитетна и безбедна за пиење – соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 март зеде 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 42 мерни места во градот Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираа од јавното претпријатие.