Ракометниот клуб Охрид се чекор поблиски до место во полуфиналето на ЕХФ европскиот куп. Охриѓани веќе испишаа успешна страници во својата европска клупска историја, а сега сакаат да ја збогатат.
Тие се на добар пат да го сторат тоа и да изборат место меѓу во четирите најдобри екипи во ова натпреварување. Охрид попладнево во Атина гои совладаа грчкиот Олимпијакос со 26-31 во првиот натпревар од четвртфиналето.
Од самиот почеток охридските „гладијатори“ ја презедоа контролата над резултатот. Постојано избраниците на Ројевиќ беа во водство, а најголемото изнесуваше шест гола (8-14). На паузата меѓу двете полувремиња Охрид замина со +5 (10-15).
И во второто полувреме, македонскиот тим беше оној кој го диктираше темпото и играта. Иако домаќините во еден миг намалија на два негатива,. сепак Охрид на крајот славеше со пет разлика.
Со по седум постигнати голови најефикасни во редовите на победничкиот тим на Охрид беа, Анте Иванковиќ и Гркот, Николаос Лиапис кој е екс ракометар на Олимпијакос.
Така Охрид во реванш дуелот пред својата публика ќе влезе со убава предност. Возвратниот натпревар во СЦ „Билјанини извори“ ќе се игра на 4 април (сабота) од 18 часот.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во полуфиналето. Таму ќе се сретне со победникот од дуелот Целје против Бузау.