Младиот напаѓач на Партизан, Андреј Костиќ, прави трансфер во Милан, открија српските медиуми.
Тој веќе се наоѓа во Италија и, според најавите, утре ќе ги помине задолжителните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на договор со Росонерите.
Костиќ подолг период беше на радарот на повеќе европски клубови, но Милан беше најконкретен и успеа да ја добие трката за неговиот потпис.
Планот на италијанскиот гигант е јасен, напаѓачот најпрво ќе биде приклучен кон вториот тим, но се очекува брзо да добие шанса и во составот на Масимилијано Алегри.