Кими Антонели ја освои пол-позицијата за утрешната трка во формула 1 првенсвото што ќе се вози за Големата награда на Јапонија.
19-годишниот Италијанец имаше фантастично возење во третиот круг од денешните квалификации на патеката Сузука.
Зад Антонели завршни неговиот тимски колега се најде Џорџ Расел.
Шарл Леклер кој доминираше во втората сесија, сепак на крајот имаше четврто време и ќе почне од вториот ред зад Оскар Пјастри од Мекларен.
Хамилтон ќе стартува од шестата позиција, а веднаш зад него се Гасли и Хаџар. Бортолето и Линдблад го заокружуваат топ десет.
Големо разочарување приреди Макс Верстапен. Тој не успеа да најде ритам, па тој ќе стартува од единаесеттата позиција и изрази незадоволство од болидот.