Ракомет

Собрание на РФМ: Ракометот останува спорт број 1

Собрание на РФМ: Ракометот останува спорт број 1

Ракометната Федерација на Македонија денеска го одржа редовното Годишно Собрание на кое претседателот Александар Стефанов не го криеше задоволството што ракометот останува спорт број 1 во државата.

Стефанов во своето обраќање пред делегатите (присутни беа 45 од вкупно 47 делегати со право на глас) го презентираше сработеното во изминатите 12 месеци, како на резултатски, така и на организациски план, потенцирајќи го вклучувањето на легендите Филип Миркуловски и Индира Кастратовиќ, како координатори во машката и женската национална селекција како уште еден чекор напред.

Собрание РФМ: Ракометот останува спорт број 1 (Фотогалерија)

Ракометната Федерација на Македонија денеска го одржа редовното Годишно Собрание на кое претседателот Стефанов не го криеше задоволството што ракометот останува спорт број 1 во државата.

Стефанов во своето обраќање пред делегатите (присутни беа 45 од вкупно 47 делегати со право на глас) го презентираше сработеното во изминатите 12 месеци, како на резултатски, така и на организациски план, потенцирајќи го вклучувањето на легендите Филип Миркуловски и Индира Кастратовиќ, како координатори во машката и женската национална селекција како уште еден чекор напред.

Самото собрание почна со одлична вест, Министерството за Спорт ќе издвои дополнителни 86 милиони денари помош за клубовите од колективните спортови, од кои според зборовите на Министерот Борко Ристовски, околу 30 милиони денари ќе бидат наменети за ракометните колективи.

Според финансискиот извештај презентиран на собранието, буџетот за 2025 години, федерацијата има приходи од вкупно 89.132.775 денари, додека расходниот дел во буџетот изнесува 87.867.868 денари.

Федерацијата за претстојната сезона 2026/27 ќе обезбеди спортска опрема (дресови и тренерки) за клубовите од Прва машка и прва женска лига.

Исто така, Стефанов како претседател предложи награда за судиите Марија Илиева, Силвана Карбевска, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, симболична награда од по 30.000 денари за овие арбитри кои позитивно го претставуваа македонскиот ракомет.

Поврзани теми

To top