Кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња објави дека ја прекина соработката со тренерот Душко Ивановиќ.
Исто така, клубот потврди дека со Ивановиќ заминал и неговиот помошник, Ненад Трајковиќ.
Ивановиќ го презеде Виртус во декември 2024 година.

Виртус ја заврши таа сезона на 17-то место во Евролигата, а исто така стана и шампион на Италија, по 17-ти пат во историјата.
Претходно, клубот од Болоња беше најдобар и во регуларната сезона.
Последниот натпревар на Ивановиќ на клупата на италијанскиот клуб беше против Армани во 33-то коло од Евролигата, во кое тимот од Милано убедливо славеше како домаќин