Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, а како ученичиња го гласаа Талат

СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Потоа Ковачевски велеше дека ќе има техничка влада без министри од ВМРО-ДПМНЕ, а вчера кога требаше да се гласа владата со премиер Талат Џафери како ученичиња се нацртаа да го изгласаат, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, а како ученичиња го гласаа Талат

Вчера, со гласањето на Талат Џафери за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Потоа Ковачевски велеше дека ќе има техничка влада без министри од ВМРО-ДПМНЕ, а вчера кога требаше да се гласа владата со премиер Талат Џафери како ученичиња се нацртаа да го изгласаат, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Евидентно е дека СДС на поклон ја дава државата на ДУИ, а за возврат така ги купува своите фотелји и владеење. Евидентно е и дека ДУИ владее со СДС, а Ковачевски го моли ДУИ да го поддржат на наредните избори нивниот претседателски кандидат и да имаат заеднички листи на параламентарните избори. Токму поради таквата пресметливост народот смета дека повеќе не постои држава, ниту систем. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме! Истакнуваат од опозициската партија.

Најнови вести од Македонија

To top