Останати спортови одбојка

Полуфинални дуели од одбојкарскиот Куп

Женското финале меѓу Вардар ЕМ и Наковски волеј ќе игра пред машкото финале со почеток во 17:30 часот.

Полуфинални дуели од одбојкарскиот Куп

Завршницата на одбојкарскиот Куп во машка конкуренција ќе се одржи попладнево со двата полуфинални натпревара кои се играат во СЦ „Јане Сандански“. Први на теренот ќе се појават екипите на Штип УГД и Струмица, а почетокот е во 17:30 часот.

Два часа подоцна е закажан почетокот на второто полуфинале меѓу ГОК Борец и Работнички. Победниците утре (сабота) од 19:30 часот ќе го играат натпреварот за пехарот во куп натпреварувањето.

Вчера се одиграа полуфиналните дуели кај жените. Вардар ЕМ ја совлада екипата на Газели Волеј со 3:0 во сетови, а екипата на Наковски Волеј беше подобра со 3:1 во сетови од Младост УГД.

Женското финале меѓу Вардар ЕМ и Наковски волеј ќе игра пред машкото финале со почеток во 17:30 часот.

To top