Во текот на вчерашниот ден, градежната компанија ангажирана од општина Василево започна со активности на изградба на една од планираните улици во населеното место Нова Маала.
Улицата е веднаш покрај зградата на ООУ „Атанас Нивичански и со нејзината изградба, како што информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, се овозможува уште еден влез во училишниот двор.
„Без запирање, продолжуваме на улица покрај училиштето во Нова Маала. Се вршат подготвителни активности за асфалтирање на улица, покрај училиштето Атанас Нивичански. Со оваа улица се обезбедува уште еден влез за ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала. Грижа за жителите на дело, после децении кал се гради нова улична инфраструктура, соодветна на потребите. Продолжуваме во сите населени места“, стои во објавата на Градоначалникот споделена преку социјалните медиуми.
🏗 БЕЗ ЗАПИРАЊЕ, ПРОДОЛЖУВАМЕ НА УЛИЦА ПОКРАЈ УЧИЛИШТЕТО ВО НОВА МААЛА.
🚧Се вршат подготвителни активности за…
Posted by Славе Андонов Градоначалник на општина Василево on Thursday, March 26, 2026
Улицата е со должина од околу 80 метри и ширина од 3,5 метри. Средствата за нејзина целосна реализација изнесуваат околу 300 000 денари и иститењ се обезбедени од општинскиот буџет.