Фудбал На чекор до пласман на Светското првенство

Јамајка и Боливија се изборија за финале на интерконтиненталните баражи

Во Запопан, Јамајка со голот постигнат во првиот дел ја совлада селекцијата на Нова Каледонија и се избори за уште еден натпревар.

Јамајка и Боливија се изборија за финале на интерконтиненталните баражи

Репрезентациите на Јамајка и Боливија се на чекор до пласман на Светското првенство откако ноќеска постигнаа победи во полуфиналните дуели од интерконтиненталните баражи. Боливија во Гвадалупе го совлада Суринам со 2:1, иако противникот поведе со 1:0. Сепак со два гола за седум минути Боливија ја потврди фаворитската улога.

Во Запопан, Јамајка со голот постигнат во првиот дел ја совлада селекцијата на Нова Каледонија и се избори за уште еден натпревар.

Финалните дуели од интерконтиненталните баражи се играат на 31.март, а двојките се: ДР Конго – Јамајка (се игра во Запопан) и Боливија – Ирак (се игра во Гвадалупе). (МИА)

To top