Екипата на ГРК Охрид ќе игра во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.
Македонскиот тим ќе се сретне со Олимпијакос од Грција, а првиот дуел се игра во Пиреја, а пред мечот зборуваше говореше интернационалецот Анте Иванковиќ.
„Не очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос.
Се работи за тим со големи имиња во својот состав.
Имавме десетина дена да се подготвиме за овој дуел, направивме добра анализа и тактика и сигурен сум дека секој од нас ќе влезе максимално мотивиран и спремен во дуелот кој ќе ни открие многу пред реваншот во нашата сала“, изјави Иванковиќ.