ОК Наковски волеј ќе ја брани титулата во финалето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако во второто полуфинале со 3-1 (25-20, 25-22, 22-25, 25-12) го победи Младост УГД во дуел кој имаше епитет “финале пред финалето” и комплетно го оправда истиот.
Двата тима понудија голема борба, долги надигрувања со убави поени и интересен и возбудлив меч, во кој одлучија нијанси.
Наковски Волеј во финалето ќе се соочи со ЖОК Вардар ЕМ кој во дебитантскиот настап на финалниот турнир ги победи Газели Волеј со 3-0 (25-21, 25-16, 25-14) и ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја.
Финалето се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.