Кошарка

Кошаркарот на Филаделфија се враќа по допинг-суспензијата

Кошаркарот на Филаделфија се враќа по допинг-суспензијата

Американскиот кошаркар Пол Џорџ повторно ќе биде во составот на Филаделфија, откако ја „одлежа“ суспензијата од 25 натпревари поради кршење на антидопинг правилата во НБА лигата.

Џорџ беше санкциониран на крајот на јануари, откако беше позитивен на допинг тест.

Лигата не соопшти конкретно за која супстанца станува збор, но кошаркарот презеде одговорност и призна дека направил грешка користејќи медикаменти на своја рака.

Се очекува Џорџ да се врати на паркетот во натпреварот против Чикаго Булс, што ќе претставува значително засилување за Филаделфија во завршницата од сезоната.

Инаку, искусниот кошаркар оваа сезона во просек бележеше околу 16 поени по натпревар, но неговиот учинок беше нарушен од повреди и паузата поради суспензијата.

 

To top