Кошарка

Јокиќ: Плачев во авион, бев навистина тажен

Јокиќ: Плачев во авион, бев навистина тажен

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, се наоѓа во одлична форма и ги дава можеби најдобрите партии во кариерата.

Откако одигра натпревар за историја (23 поени, 21 скок и 19 асистенции), имаше неочекувано емотивен говор на прес-конференција.

Јокиќ прво откри дека одличната игра на Џамал ​​Мареј (53 поени) одиграла голема улога во историскиот натпревар.

– Кога Џамал ​​игра ваков натпревар, само се обидувам да му направам простор да се отвори… Знам дека ќе шутира и ќе погоди. А потоа, кога ќе почнат да го удвојуваат, мој ред е да ги вклучам сите други или да постигнувам поени, истакна Јокиќ.

Кога го прашаа колку е важно за него да игра убава кошарка, тој рече:

+Па, не знам, дали е убаво? Мислам дека е убаво кога ја додаваме топката, кога добиваме отворени шутoви, но не знам колку е важно. Подобро би победувал отколку да играм убаво, додаде Србинот.

Најемотивниот дел од конференцијата се случи кога зборуваше за моментот кога се разделил со Гари Харис, за време на размената во која Денвер го доби Арон Гордон.

– Се сеќавам дека се збогував со Гери Харис и плачев затоа што бев навистина тажен. Имавме добра врска и игравме навистина добро заедно. Тоа беше тажен момент за мене. Всушност, мислам дека беше во авион, слетавме и тогаш се случи тоа, откри Јокиќ

To top