Косово ја победи Словачка со 4-3 на гостински терен и се пласира во финалето од плеј-офот за Светското првенство, каде ќе игра против Турција.
Мечот меѓу Чешка и Република Ирска заврши 2:2, а продолженија има во Кардиф каде Велс играше 1:1 со Босна и Херцеговина.
Полска со пресврт ја победи Албанија со 2:1, а во финалето ќе игра против Шведска која со 3:1 ја победи Украина.
Италија ја победи Северна Ирска со 2:0 и ќе се сретне со победникот од мечот Велс – Босна.