Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон. Македонскиот национален ракометен тим беше рангиран во вториот „шешир“, а ривали во групата 8 ни се: Шведска (прв шешир), Грција (трет шешир) и Луксембург (четврти шешир).
Комплетен распоред на групите:
Група 1: Хрватска, Холандија, Литванија, Финска.
Група 2: Норвешка, Австрија, Грузија, Турција.
Група 3: Исланд, Србија, Украина, Естонија.
Група 4: Унгарија, Фарски островски, Црна Гора, Косово.
Група 5: Словенија, Чешка, Босна и Херцеговина, Израел.
Група 6: Франција, Полска, Романија, Летонија.
Група 7: Германија, Италија, Белгија, Турција.
Група 8: Шведска, МАКЕДОНИЈА, Грција, Луксембург.
Првото коло се игра на 4/5.ноември 2026 година, а последното шесто коло од групата на програмата е на 9.мај 2027 година.
Двете првопласирани од сите групи како и четири најдобротретопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман на Европското првенство, кое ќе се игра од 13-30.јануари 2028 година.
Пласман на ЕП имаат обезбедено Шпанија, Португалија и Швајцарија како домаќини и Данска како европски шампион.