Новиот меѓународен секретар на СДСМ, Андреј Жерновски во гостување на поткастот на Ландов, вели дека има возено различни автомобили кои биле сопственост на неговиот братучед.
-Сум возел неколку коли на братучед ми, и така натаму, на брат ми, вели Жерновски откако водителот на поткастот истакна дека има добиено информација дека сторил прекршок во сообраќајот, односно се има лошо паркирано пред еден скопски локал со автомобил марка мерцедес.
Иако Жерновски истакна дека таков автомобил со такви регистарски таблички нема возено, јасно кажува дека има возено други автомобили, слично како што и Груби велеше дека возел автомобил на комшија.