Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10%.
„Нашата Влада и нашата држава овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаме начин и се однесуваме соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност за реакција. Донесовме мерки во коишто директно граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките со конкретните мерки и со конкретната предвидливост којашто ја направивме, најпрво во прва мера во којашто се свика Советот на безбедност од аспект на безбедносната, состојба во којашто утврдивме дека се наоѓаме на стабилно ниво, а потоа и кога се работи од економски аспект го намаливме ДДВ-то на горивата од 18 на 10%, со што директно всушност се влијае на добробитот на граѓаните во ефект на држењето на ценовната стабилност на горивата“, рече Бојковска.
Бојковска исто така посочи дека СДС создава ситуација на расфрлање пердуви кога нешто нудат, а по неколку дена од истото се одрекуваат и истакна дека во 2022 година инфлацијата била енормно висока, со што ДДВ-то на 2.000 прехранбени производи било покачено од 5 на 10%.
„Мене една работа ми е чудна и нејасна, можеби и на самите граѓани а тоа е она состојба во којашто многу често веќе СДС ја презентира и ја истакнува пред македонската јавност, а тоа е кога нешто нуди и после неколку дена од истото се одрекува или создава една ситуација на расфрлање на пердуви. Непосредно пред да се донесе самата мерка за намалување на ДДВ-то на горивата, неколку дена претходно лидерот на СДС излезе на прес-конференција бараше намалување на ДДВ-то на горивата, излеговме еве со меркава за намалување, истото беше и со ситуацијата за мигрантите, истото беше и со предложување на Резолуцијата за црвените линии па не ја видовме“, рече Бојковска и додаде:
„Во 2022 година беше инфлацијата двоцифрена и се донесе тогаш намалување на ДДВ-то, а потоа истите тие го покачија на 2.000 прехранбени производи од 5 на 10%. Ние сме пример за регионот по тоа што имаме најниско и најстабилно ниво на цената на нафтата“.