ЈПКД „Турија“, Василево го зголеми својот возен парк со ново возило за собирање комунален отпад- обезбедено од страна на општина Василево во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, преку форумски процес во кој учествуваа граѓаните од населените места на општина Василево. Советот на општина Василево, на својата последна седница, донесе Одлука со која возилото го предава во сопственост на ЈПКД „Турија“, каде веќе истото е ставено во функција.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, најави набавка на уште едно возило со што капацитетот на ЈПКД „турија“, дополнително би се зголемил.
Обезбедивме ново возило, за собирање комунален отпад за ЈПКД Турија! Набавката на возилото, е финансирана со средства од УНДП и Општина Василево. Како градоначалник, ветив дека ќе создадам подобри услови за работа на комуналното претпријатие – и тоа ветување го исполнуваме.
Се надеваме дека, со ова значително ќе се подобри ефикасноста и квалитетот на услугата за нашите граѓани. Во текот на годината очекуваме уште едно ново возило, со што дополнително ќе го зајакнеме системот за одржување на чистотата“, стои во објавата на Градоначалникот, кој воедно им се заблагодарува на сограѓаните за разбирањето и трпението во изминатиот период односно како што вели „периодот додека се справувавме со предизвиците“.
Капацитетот на новонабавениот камион е 8 м 3, вкупниот буџет е околу 4,5 милиони денари од кои иколу 3 000 000 денари обезбедени преку УНДП и околу 1,5 милиони денари од
општинската каса.