Ракомет СРЦ „Билјанини Извори“

Пуштени во продажба билетите за ракометниот натпревар Олимпијакос – Охрид

Онлајн продажбата на билети за натпреварот закажан за 17 часот по локално време е во тек, а цените се од 5 од 15 евра во зависност од трибината.

Пуштени во продажба билетите за ракометниот натпревар Олимпијакос – Охрид

Атинскиот клуб Олимпијакос в недела ќе го пречека ГРК Охрид во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на ЕХФ Европскиот куп, а билетите за ракометниот натпревар по цена од 5, 10 и 15 евра веќе се пуштени во продажба, јави дописничката на МИА од Атина.

Четвртфиналето ќе се одигра во спортската сала „Јанис Котакис“ во населбата Илиуполи, што машкиот ракометен тим на Олимпијакос, од сезоната 2022/23, ја користи за натпреварите на домашен терен, а е со капацитет да прими 1.500 гледачи.

Онлајн продажбата на билети за натпреварот закажан за 17 часот по локално време е во тек, а цените се од 5 од 15 евра во зависност од трибината.

На натпреварот во Атина нема да има македонски навивачи, исто како што на натпреварот во Охрид нема да има навивачи на грчкиот клуб, со оглед на тоа што двете екипи се договорија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи.

Од ГРК Охрид минатата седмица соопштија дека по немилите настани за време на финалниот натпревар во Европскиот куп во ланската сезона меѓу Алкалоид и АЕК кога натпреварот во Скопје не се одигра, „по барање на Европската ракометна федерација, двете екипи по меѓусебната комуникација во минатите денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери.

Реванш натпреварот во Охрид ќе се одигра следната недела, на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“. (МИА)

To top