Свет САД

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија воочи престојните избори

Американскиот државен секретар Марко Рубио беше во Будимпешта минатиот месец.

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија воочи престојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се очекува на 7 и 8 април да ја посети Унгарија, воочи парламентарните избори во земјата, закажани за 12 април.

Посетата на Венс се смета како знак на поддршка за Виктор Орбан за изборите, за кои аналитичари ценат дека ќе бидат најголем предизвик за премиерот Орбан од неговото стапување на власт во 2010 година.

Американскиот државен секретар Марко Рубио беше во Будимпешта минатиот месец.

Како еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп во Европа, Орбан подолго време е во спор со Европската унија по повеќе прашања, вклучително и Украина. Тој одржува блиски односи со Москва, одбива да испраќа оружје во Украина и оценува дека Киев нема да може да стане членка на Унијата.

Трамп минатиот месец му даде поддршка, нарекувајќи го „навистина силен и моќен лидер“, а во вторникот повторно ги повика Унгарците да „излезат и да гласаат за Виктор Орбан“. (МИА)

To top