Ракомет

Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за мечевите со Германија и Словенија

Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за мечевите со Германија и Словенија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за претстојната ЕХФ недела.

На поширокиот список се наоѓаат 35 ракометарки за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари против Германија и Словенија во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Македонија ќе игра против Германија на 8 април од 18.00 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а во истиот термин на 12 април ќе игра на гости против Словенија во Велење.

Германија која е првопласирана во квалификациската група 3 веќе обезбеди пласман на континенталниот собир.

Следува Словенија на второто место со четири бодови, пред Македонија и Белгија по три.

To top