Кошарка

Познат терминот на вечното дерби МЗТ Скопје – Работнички

Познат терминот на вечното дерби МЗТ Скопје – Работнички

Најголемото македонско кошаркарско дерби, секако е, дуелот меѓу градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Токму тој натпревар ќе го одбележи 21 коло во машката Супер лига кое на програмата е претстојниот викенд.

Од таборот на актуелниот шампион МЗТ Скопје го потврдија терминот на одигрување на дербито.

Натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за во недела (29 март) од 19 часот.

 

To top