Свет

ЕУ сака да биде основач на Специјалниот трибунал за агресијата против Украина

Европската комисија денеска усвои предлог за започнување на процесот ЕУ да стане основач на Специјален трибунал за злосторства во агресијата против Украина.

ЕУ сака да биде основач на Специјалниот трибунал за агресијата против Украина

Европската комисија денеска усвои предлог за започнување на процесот ЕУ да стане основач на Специјален трибунал за злосторства во агресијата против Украина.

Откако членките на ЕУ ќе го одобрат предлогот, Комисијата ќе може да го објави, а потоа ЕУ ќе игра централна улога во работата на Трибуналот, вклучително и како член на Управниот комитет што ќе управува со Специјалниот трибунал.

Специјалниот трибунал ќе има мандат да ги гони високите политички и воени лидери за злосторства во агресијата против Украина. Трибуналот се основа во рамките на Советот на Европа по потпишувањето на договорот меѓу Украина и оваа организација за негово основање во јуни 2025 година.

Шефицата на службата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека правдата за жртвите на агресијата е најдобриот пат кон траен мир и дека во време кога меѓународното право е под историски притисок, вистинскиот одговор е поголема одговорност, а не помала.

„Воспоставувањето правен процес, како што правиме сега за Украина, бара време, труд и најширока можна меѓународна поддршка, но вреди“, рече Калас.

Еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото, Мајкл Мекграт, рече дека не може да има мир без одговорност и дека ЕУ ќе продолжи цврсто да стои со Украина во нејзината потрага по правда.

Европската комисија изјави дека ЕУ одиграла водечка улога во изготвувањето на основачките правни акти на Специјалниот трибунал, што беше политички поддржан од меѓународна коалиција на држави и организации на 9 мај минатата година.

To top