Хроника хоспитализиран со тешки повреди

Тинејџер (19) паднал од балкон на зграда во Карпош

Тинејџер (19) паднал од балкон на зграда во Карпош

На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.

-Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани теми

To top