Свет вистина или фикција?

„Волстрит журнал“ тврди: Иран ги испрати своите барања до Америка, Вашингтон запрепастен

Имено, според информациите објавени од „Волстрит журнал“, Иран бара затворање на сите американски воени бази во Заливот, како и исплата на воени репарации за нападите врз Иран.

Официјален Техеран, исто така, бара да наплаќа за премин на бродови низ Ормутскиот теснец, како и гаранции дека војната нема да се обнови

„Волстрит журнал“ тврди: Иран ги испрати своите барања до Америка, Вашингтон запрепастен

Според американскиот весник „Волстрит журнал“, Техеран го објави својот список на барања за прекин на конфликтот, еден ден откако планот од 15 точки на Трамп беше доставен до Иран.

Имено, според информациите објавени од „Волстрит журнал“, Иран бара затворање на сите американски воени бази во Заливот, како и исплата на воени репарации за нападите врз Иран.

Официјален Техеран, исто така, бара да наплаќа за премин на бродови низ Ормутскиот теснец, како и гаранции дека војната нема да се обнови.

Исто така, бара прекин на израелските напади врз Хезболах во Либан, укинување на сите санкции и право да ја одржува својата програма за балистички ракети без никакви преговори за нејзино ограничување.

Неименуван американски функционер ги опиша барањата на Иран како „смешни и целосно нереални“, објави Њујорк пост.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека постигнал околу 15 точки на договор за потенцијален договор во индиректни преговори со клучна фигура во Иран.

Поврзани теми

To top