Трамп неодамна ја поништи разузнавачката проценка од октомври 2021 година во која „мајчинството“ и „домаќинството“ биле дефинирани како индикатори за „бел расно и етнички мотивиран насилен екстремизам“ (REMVE).
Во категоријата „бел REMVE“ спаѓале луѓето за кои има сомневања дека „поттикнуваат, олеснуваат или спроведуваат насилство затоа што веруваат дека е загрозена нивната перцепција за идеализиран бел идентитет“.
Иако во разузнавачката проценка се потврдува дека домаќинките не се залагаат за насилство, тие биле посочени како ризик поради „засилување на наративите за закани од мултикултурализмот и глобализацијата“.
Поради загриженоста од „бел РЕМВЕ“, администрацијата на Бајден усвоила програма за цензура на ниво на целата влада. Иницијативата опфаќала притисоци до социјалните медиуми да ги замолчат „неодобрените“ ставови за разни теми, вклучувајќи ги абортусот, изборите во 2020 година, потеклото на коронавирусот и вакцините против ковид-19.
Внатрешна белешка од 29 јануари 2021 година, само 8 дена откако Џо Бајден даде заклетва, содржи тест со примери „Избери ја својата авантура“ во која биле опишани сценарија за радикализација со разни фиктивни ликови.
Фиктивната домаќинка „Ен“, опишана како „мајка од предградие која пере алишта и вози миниван“, се сметала за потенцијална закана затоа што станала сè побожна и поактивно се залагала за правото на живот. Во документот се препорачува интервенција ако „Ен“ поставува прашања за ставот на Библијата за насилство во одбрана на животот. Меморандумот го охрабрува нејзиниот проповедник да закаже советување и да разговара за нејзиното однесување со нејзиниот сопруг и со другите членови на „црковната група“.
„Кортни“ – разведена мајка во 30-тите, е издвоена како „теоретичарка на заговор“ затоа што верувала дека владата е вмешана во злоупотреба и трговија со деца. Во меморандумот се препорачува следење на објавите на „Кортни“ на социјалните мрежи, сослушување на нејзиниот поранешен сопруг и испраќање приватна порака „како одат работите“.
Министерството за внатрешна безбедност, според документите, исто така планирало фотосесии за да прикаже дека „домашниот тероризам може да му се случи секому, но дека секој може да помогне да се спречи“.
Алармантна е трансформацијата на Министерството за внатрешна безбедност во разузнавачка служба на Длабоката држава, слична на Штази, коментира Рид Рубинштајн, директор за истраги во организацијата „America First“.
