Македонија ИЗГУБЕНИ ВО БЕЗИДЕЈНОСТА

СДС шест дена молчи заглавена во промашени ПР стратегии под диктат на Башановиќ и Шчекиќ кои ги водат директно на дно без автентична политика, без концепт и отуѓени од народот

Молкот од СДС е најгласното признание дека немаат аргументи, концепт и идеи за развој на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДС шест дена молчи заглавена во промашени ПР стратегии под диктат на Башановиќ и Шчекиќ кои ги водат директно на дно без автентична политика, без концепт и отуѓени од народот

СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Молкот на СДС не е ништо друго освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е заглавена во погрешни и промашени ПР стратегии диктирани од странски советници, Башановиќ и Шчекиќ ги водат СДС директно на дното без автентична политика и јасни ставови, СДС се тотално без концепт и отуѓени од народот.

ПР стратегијата што ја следат, под влијание на Башановиќ и Шчекиќ, не само што е промашена, туку ја турка партијата кон политички амбис. Наместо да понудат визија и решенија, тие се занимаваат со интриги и дезинформации“, додадваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС нема капацитет, ниту визија за општествените случувања, само клевети и напади преку неосновани прес-конференции. СДС со неодговорното и недостоинствено однесување, ќе доживее дебакл, а Венко Филипче ќе остане запаметен како симбол на неуспехот и распадот на партијата, нотираат во соопштението.

Молкот од СДС е најгласното признание дека немаат аргументи, концепт и идеи за развој на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top