УФЦ коментаторот Џо Роган ја накави опцијата дека е можно во јуни, во Белата куќа во Вашингтон да се одржи борба меѓу Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски, и Русинот Мовсар Евлоев.
„Џо Роган рече дека мојата борба со Волкановски би се вклопила во настанот во Белата куќа? Јас сум целосно за тоа, и со раце и со нозе. Мислам дека оваа борба ќе додаде малку вкус на тој настан. Волк одамна ме чека, би сакал да се борам со него додека не остарел многу“, изјави Евлоев.
По ова се јави и Александар Велики.
„Стариот Волк има уште трикови во џебот. Донесете му го Евлоев. Точно е дека сакам да се борам со него, заслужи да добие шанса. Ако сака, може и во мај“, одговори Волкановски, кој е УФЦ првак во перолесна категорија.