Фудбал По денешниот пораз

Милан Стојановски си поднесе оставка од тренерската позиција во Пелистер

„Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата“.

Милан Стојановски си поднесе оставка од тренерската позиција во Пелистер

По денешниот пораз на Пелистер од Струга Трим Лум (0-2) на домашен терен, Милан Стојановски си даде неотпиклива оставка од местото шеф на стручен штаб, а клубот истата ја прифати.

„Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата.

Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок“, изјави Милан Стојановски.

To top