Македонската машка ракометна репрезентација ќе треба да прескокне уште една пречка на патот кон Светското првенство 2027, а следниот противник ќе биде селекцијата на Словачка.
Словачка обезбеди пласман во оваа фаза по вистинска драма против Украина. Иако загубија во реваншот со 32-31, победата од првиот дуел со 27-24 им беше доволна да излезат како победници во вкупниот дуел.
Првиот натпревар е закажан за 13 или 14 мај во Братислава, додека реваншот ќе се одигра на 17 мај во Скопје.