Македонија рамноправен партнер

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите

Светскиот ден на водите секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација.

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), како рамноправен партнер на Светската метеоролошка организација (СМО) во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, со скромни работни настани ќе го одбележи 22 Март – Светскиот ден на водите, насловен како „Вода и род“, со слоган „Каде што тече водата, расте еднаквоста“.

Како што информираат од УХМР, целта е да се прикаже клучната врска помеѓу водата, жените и родовата еднаквост, односно фактот дека кризата со вода непропорционално ги погодува жените и девојчињата.

-Ја нагласува потребата тие да имаат еднаква улога во управувањето со водните ресурси, како и во лидерството и донесувањето одлуки, велат од УХМР.

Светскиот ден на водите секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација.

Најнови вести од Македонија

To top