Македонија ВМРО-ДПМНЕ го разоткри ПР от на СДСМ

За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција“, потенцираат во денешното соопштение.

За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

ПР от на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката. Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.

Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција“, потенцираат во денешното соопштение.

Преку Зоран Башановиќ, и ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ се креира ПР стратегијата на СДС и се шират лаги и манипулации, додаваат од владејачката партија.

„СДС и Филипче делуваат по насока на овие лица а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.

Дали политиките на СДС и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви?

Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДС, кој им ја креира политиката и во чии интереси делува СДС“, нотираат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top