Свет јужен Израел

Во иранскиот ракетен напад врз израелскиот град Димона 47 луѓе се повредени

Израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“ соопшти дека повеќето од повредите се предизвикани од шрапнели.

Во иранскиот ракетен напад врз израелскиот град Димона 47 луѓе се повредени

Во иранскиот ракетен напад врз Димона, град во јужен Израел, се повредени 47 лица, кои се хоспитализирани.

Израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“ соопшти дека повеќето од повредите се предизвикани од шрапнели.

Меѓу повредените има 10-годишно момче кое е во тешка состојба и 30-годишна жена која се здобила со повреди од стаклени парчиња. Другите повреди се полесни. Димона се наоѓа на околу 13 километри од Центарот за нуклеарни истражувања Негев. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top