Свет Неколку политички партии побараа да се одржи расправа

Во францускиот Парламент идната недела расправа за кризата на Блискиот Исток

Францускиот премиер Себастијан Лекорну на владиниот состанок на 11 март позитивно одговори на барањето за одржување расправа во Парламентот, кој задутре продолжува со работа по тринеделна пауза поради локалните избори.

Во францускиот Парламент идната недела расправа за кризата на Блискиот Исток

Расправа за кризата на Блискиот Исток ќе се одржи во Парламентот на Франција на 25 март, во согласност со член 50-1 од Уставот, објави денеска парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.

Неколку политички партии побараа да се одржи расправа по избувнувањето на војната во Иран.

Францускиот премиер Себастијан Лекорну на владиниот состанок на 11 март позитивно одговори на барањето за одржување расправа во Парламентот, кој задутре продолжува со работа по тринеделна пауза поради локалните избори.

Лекорну одлучи повторно да ги повика различните политички сили на состанок за економијата и одбранбената индустрија, во присуство на високи воени претставници и надлежни министри. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top