НБА шампионот Денвер Нагетс долго време се мачеше да ја пронајде својата игра и да го скрши отпорот на Филаделфија и ја победи 113-105.
Дури и Никола Јокиќ до полувреме имаше само шест поени на своето конто и да не беше расположениот Мареј во тој дел од мечот, во кој стигна до 20 поени, којзнае каде ќе одеше натпреварот.
Тоа се смени дури на четири минути пред крајот кога при резултат 96-96, Денвер постигна седум поени во низа, Јокиќ се разигра и Денвер дојде до победа од 111-105.
Србинот го заврши мечот со 26 поени, 16 скока и 7 асистенции, Мареј во второто полувреме застана, па стигна до само 23 поени, а Портер ги испрати двајцата со 20 поени и 8 скока. Кај Филаделфија, Рид беше најдобар со 30 поени и 13 скока, Убре додаде 25 поени, а Морис и Беверли додадоа по 17.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Вашингтон 104-118
Њујорк – Мајами 125-109
Денвер – Филаделфија 111-105
Бруклин – Хјустон 106-104
Шарлот – Јута 122-134
Бостон – ЛА Клиперс 96-115
Милвоки – Њу Орлеанс 141-117
Сан Антонио – Минесота 113-112
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 144-145
Далас – Сакраменто 115-120